Celebrity

Madonna сака дует со Adele!

Кралицата на поп музиката дефинитивно ѝ се восхитува на Adele, па посакува заедно да снимат песна.

Во едно интервју, Madonna изјавила дека има желба да соработува со младата британска пејачка.

–          Adele е генијална, фантастична, прекрасна. Би била воодушевена кога би ја запознала, уште повеќе ако се согласи на соработка, – изјавила Madonna.

Adele засега нема дадено никаков коментар во врска со овие изјави, но повеќе од сигурно е дека овие комплименти ѝ годат, особено поради тоа што доаѓаат од еден таков музичар каков што е Madonna. Инаку, Madonna сакала да пее заедно со Adele и на „SuperBowl“ купот, но тогаш пејачката закрепнуваше од операцијата на гласните жици.

Write A Comment