Магдоносот е двегодишно тревесто растение, кое има широка употреба не само во кулинарството, но и во народната медицина.
Низа анализи докажуваат дека додавањето на зелената билка во салати и друга храна го подобрува варењето на храната. Магдоносот е неверојатен помошник за профилакса од срцево садови болести како и разни болести на бубрезите.
Магдоносот е особено неопходен за правилната функција на штитната жлезда и надбубрежните жлезди, допринесува за здравјето и тонусот на крвните садови, особено на капиларите и артериите.
Магдоносот помага многу и при лекувањето на сите очни болести, воспаленија на рожницата, катаракта, офталмија и многу други.
Важно е жените да знаат дека свежиот сок од магданос, цвекло, моркови и краставици има многу добар ефект при менструални тегоби и ја зголемува плодноста.
Уште се користи како превенција од разни болести на црниот дроб како и атеросклероза и висок крвен притисок. Уникатна и лековита билка, вистински дар од Бога!
Обидете се магданосот да биде почесто дел од вашата трпеза бидејќи е растение кое изобилува со супстанции неопходни за нашата добра здравствена состојба.
