Огромен број на истражувачи се сложија со студијата и резултатите кои ги донесе професорот Перез Тортос. Тој од својата долгогодишна студија дошол до заклучок дека магнетите кои се на фрижидерот имаат големо влијание на квалитетот на храната која ја чуваме во него.
Сите ние имаме еден или повеќе украсни магнети на нашиот фрижидер кои ни се драг спомен. Но, никогаш не сме ни помислиле дека токму тие можат да бидат толку ризични за нашето здравје.
Во студијата која е направена професорот вклучил две групи на заморчиња. На едната група им давал храна која се чувала во фрижидер на кој немало залепени магнети, а на другата група им давал храна која била чувана во фрижидер на кој имало залепено магнети. Кај оние заморчиња кои јаделе храна од фрижидер со украсни магнети имало 87% поголеми шанси за заболување од рак. Магнетите на фрижидерот предизвикуваат големо зрачење на храната која се наоѓа во него, кое може да биде и смртоносно. Покрај овој застрашувачки факт, магнетите исто така предизвикуваат и поголема потрошувачка на електричната енергија.
