After Midnight

Мајка му не ме сака! И?

Не им се допаѓав многу на мајка му и сестра му. И се очекуваше да ми биде тешко и да се погрижам за обратното. Денес ми станува смешно. Од какде на каде? Две искомплексирани жени со душевни проблеми( зошто да љубомориш на син или брат е душевен проблем) се обидуваа да ми го контролираат начинот на однесување, односите, расположението и врската. Имав малку поважна работа од тоа да се соживеам во нивната драма, но нека сепак ви раскажам за некои од моментите, во кои губев самоконтрола.

На вечера сме кај нив и мајка му ме прашува:

„Што работат твоите родители?“

„Мајка ми е учителка, а татко ми има бизнис.“

„Каков бизнис?“

„Сопствен.“

И поконкретно?“

„Каква врска има тоа?“, прашувам јас со недоразбирање после што следуваат сликовити погледи на масата помеѓу двете орлици решени да го бранат малото орле или мојот дечко.

„Зошто не признаеш дека си со брат ми поради парите?“

„Па тој пари имал? А зошто јас не знам?“

И така беше три години. Сменив најразлични тактики – пробував да бидам мила, воспитана, после индеферентна, апатична, сум била дрска и безкрупулозна…Тие две „дами“ не излегоа од улогата „Јас сум важна зошто сум крвно поврзана со твојот дечко.“ И во еден момент – просветлување – „Ама воопшто не ме допирате.“ И знаете ли зошто престанаа да ме интересираат нивните коментари? Открив неколку многу важни работи:

Веќе е 21 век и клишето снаа-свекрва останува во заборавените страници на историјата, а денес ние сме модерни адекватни луѓе со сопствено размислување.

Што мене ме засега дали на некој му се допаѓам или не и тоа што некој решил да си ја избие лудоста на некој друг – мене?

Ако мојот дечко не може да направи ништо за да ги подобри односите помеѓу мене и неговите, во ситуација кога јас ништо лошо не сум им направила, значи тоа што на нив не им се допаѓам ми е најмалиот проблем.

Нормалните луѓе имаат реални доводи и аргументи кога не сакаат некого. Ако мајката на вашиот дечко не ве сака, тоа е само нејзин проблем, не ваш. Според мене многу поважен е неговиот однос кон псевдо војната меѓу вас и неговите роднини и каква позиција завзема. Ако е на нивна страна или пак неутрален, ова е многу лош знак. Бидејќи мажот што ве сака и е уверен во своите чувства и вашите квалитети не би ве ставил во ваква „ретро-аграрна“ ситуација. Во секој случај, изборот си е ваш.

Напиши коментар