Младата, талентирана Мајли Сајрус е повторно во центарот на случувањата. Излезе официјалниот видео запис за нејзиниот сингл наречен „You’re Gonna Make Me Lonesome When You Go“ кој инаку беше достапен за јавноста уште од декември.
Оваа песна е всушност дело на Боб Дилан од 1975 година, но Мајли решила да ја направи своја и тоа очигледно ѝ пошло од рака. Мелодијата е певлива и пријатна за уво.
Погледнете го и сами видеото: