After Midnight

Мали ситници кои кај девојките изнудуваат насмевка

Некои толку мали, а интересни гестови, можат да бидат пресудни и неверојатно ефикасни. Ви предлагаме шест:

Постар виц-  Ќе Ви делува глупаво, но пали. Девојките повеќе би паднале на симпатичен стар виц, отколку на некултурен или сексуален…Самата насмевка ќе Ви покаже дека таа паднала на Вашата духовитост.

Бидете кавалер-  Доволно е да го повлечете столот во ресторан или ќе го соблечете нејзиниот капут. Така ќе покажете дека Ви е до нејзе…А таа ќе Ви врати со насмевка…

Ноќна порака-  Најмногу од се, девојките паѓаат на пораки во текот на ноќта. Напишете нешто слатко и кратко, во смисла дека и посакувате убав почеток на денот…А таа…едноставно, целиот ќе го помине со насмевка.

Пишана порака-  Го има истиот ефект како гласовната, само што е поинтимна. Сигурно ќе падне на пишана кратка љубовна порака која „случајно“ ќе се најде во нејзината чанта.

„ Убава си “-  Двата магични збора на кои ниедна девојка нема да биде рамнодушна…Особено ако тоа и биде кажано без никаков повод.

Ситници –  Жената е спремна на се. До толку што прави огромни промени за да биде што попривлечна…А искрено ретко кој маж тоа го забележува…Бидете поинакви и изнудете насмевка давајќи комплимент за нејзиниот лак за нокти, или промената на бојата на коса.

Напиши коментар