Има илјада причини да се испокараш со партнерот, но за да се постигне баланс во врската, кавгата е последното нешто што ви треба. Со малку повеќе труд и компромиси, среќната и хармонична врска станува реалност.
Малите гестови постигнуваат големи резултати:
За една навистина среќна врска и двајцата партнери треба да прават мали гестови за другиот постојано. Никој од вас не е даденост и не треба да биде третиран како таков. Врската се темели на взаимно почитување и љубов. Во нашето брзо секојдневие оние нешта кои не прават да се смееме за жал стануваат се помалку. Токму од тие причини е неопходно да се обидеш да го направиш саканото суштество среќно и макар за миг да го натераш да се насмевне. Малите гестови на внимание за многу топлина во врската…
Подршка и утеха…
Кој ако не саканиот човек треба да биде твојата утеха, твојата подршка, твоето рамо за плачење? Може да не ти се слуша колку е гаден неговиот шеф и колегите, но во името на љубовта велокодушно посвети му дел од своето време да си ја исплаче душата од насобраните проблеми во текот на денот. Да знае дека ти си секогаш тука и ќе му понудиш мир, нежност и топлина. Да знае дека и кога целиот свет ќе биде против него, дека некаде таму има еден човек што силно ќе го прегрне кога е најтешко. Мажите ваквата жена не ја забораваат никогаш. Жената пристаниште за сите бури. Жената што знае како да го смири.
Игнорирај го поведението што не го одобруваш:
За да се карате помалку за ситници едноставно не обрнувајте внимание на се. Ние жените знаеме да преувеличуваме и понекогаш дури за чорап зафрлен некаде низ собата знаеме да направиме вистинска драма и скандал, а тоа автоматски да го направи партнерот злосторник кој не го цени доволно нашиот труд и само се чуди како да ни отвори работа за да не можеме да ги изгледаме омилените серии. Наместо да се стигне до ваков начин на мислење од твоја страна, а тој да те гледа збунето чудејќи се на твојата хистерија, кажи му со смирен тон дека вие не сте негова мајка и местото на чорапите не е на подот. Се што сакате можете да го постигнете многу полесно и побрзо ако разговарате смирено, без излишни драми и скандали. За некои работи навистина не треба да се преувеличува.
Не го казнувај со лишување!!!
Едно е да си му лута за нешто, сосема друго е да го тераш да си ја прави сам вечерата или не дај боже да го лишиш од секс. Во ваков случај само ти би била лошата и тој воопшто нема да се почувствува виновен. Но кога има прекрасна жена до себе, која го разгалува и мази, а тој ја разочарал, тогаш ситуацијата е поинаква. Единственото разумно решение е да не разговараш со него и така тој ќе направи напор да ги поправи своите грешки без да се стигнува до драми. Лишувањето од секс пак е една од основните причини за неверство и како последица распаѓање на врската.
