Free zone

Малите тајни на алкохолот

Зборот алкохол има потекло од арапските зборови чие значење е “хемикалија”, а постои и уште еден поим кој е синоним за арапскиот збор алкохол, а тоа е зборот “дух”.

Кога ќе размислите таквото значење е многу поопширно од она што го имавме порано. На сите нас ни е познат “духот од лампата”, која кога ќе ја протриеме излегува тој и ни ја исполнува секоја желба. Па така почнуваме да го откриваме духот од шишенцето. Во почетокот кога за прв пат се соочуваме со алкохолот го пиеме заради друштво, девојка, или заради имиџ. Потоа ја сфаќаме неговата вистинска смисла.

Ако пиеш треба да имаш подлога. Дали ќе се смееш, ќе бидеш среќен или тажен по пиењето зависи од подлогата. Не е секој за него. Подлогата влијае на последиците, затоа ако си тажен не пиј ќе бидеш уште потажен. А, за тренингот да не зборуваме  за тренингот. Тоа е нешто слично на спортскиот тренинг, ако изгубиш кондиција тешко се враќаш во колосек.

Внимавајте при изборот на пијачката, особено ако утре дента имате некакви обврски. Има и такви пијачки кои може да ви го уништат следниот ден. Следното утро може да ви биде најлошо утро. За да си помогнете најдобро е најдобар пријател тој ден да ви биде креветот. Кога ќе се разбудите правец во кујна на голема количина ладен јогурт, а потоа убав, богат калоричен појадок.

Се на се пиењето не е само празнење на шишињата, за да ги нема негативните последици одберете ја вистинската храна, вистинското друштво, вистинската пијачка, вистинската музика и внимавајте да не ја погрешите куќата кога си одите дома.

Напиши коментар