After Midnight

Масажата е закон!!!

Живееме во време кога стресот, големиот број на обврски и секојдневните навики владеат со нашите животи, а ние се почесто забораваме на себеси. Многумина се жалат дека неадекватната исхрана, немањето сон, па дури и одбивањето секс се должи на секојдневниот стрес. Сите оние кои стресот им е секојдневие мора да направат обиди го намалат стресот, а до тоа ги делат само неколку минути сензуална масажа, која ќе им ги наполни батериите и подигне сексуалната енергија.

Масажата не само што максимално ќе ве опушти, туку и ќе ја зголеми блискоста со вашиот партнер. Без разлика дали сте во брак, долга врска или на почеток на љубовна врска, вечерната масжа во комбинација со светло од свеќи и тивка музика ќе ги разбуди вашите страсти. Масажата ќе ви помогне да создадете доверба, сигурност и дефинитивно ќе уживате  во допирите на телата. Масажата на грбот, нозете, главата со помош на етерични масла има поголема важност за вашиот однос отколку некое досадно идење во ресторан или дискотека. Имено паровите кои често се допираат имаат поголема блискост и се повеќе приврзани еден за друг.

Сексолозите се едногласни дека масажата е еден од најдобрите начини да се пренесат и делат емоциите со партнерот и тоа без зборови…Секако дека масажата не мора да заврши со сексуален однос. Едноставно ќе ве опушти а вие ќе се чувствувате одлично. Затоа одвојте барем половина час, набавете етерично масло и уживајте во бескрајните допири на вашиот партнер…

Верувајте нема подобар начин да се чувствувате феноменално!!!

Напиши коментар