Убавина

Маски за здрава коса во зима

Се лажете доколку мислите дека косата подобро ги поднесува ладните зимски денови од летните горештини. Во зима, косата побавно расте поради недостатокот на сонце, студенилото и многу други фактори. Почесто се кине, сува е и без сјај. Исто така, косата повеќе опаѓа, па затоа и е потребна посебна нега и правилна заштита. Ви откриваме неколку трикови кои ќе ви помогнат вашата коса да заблеска.

Маски

Употребата на маски за коса особено се препорачува за дамите што ја фарбаат косата, со цел да го избегнат дополнителното сушење на влакното.

Заборавете на витлерите

Експертите советуваат дека во зима е попаметно да ја намалите употребата на витлери, како и пеглата за коса. Така ќе го избегнете дополнителното оштетување и сушење на врвовите, а косата ќе изгледа негувано.

Банани за сјај

Една од природните маски која се препорачува во зимскиот период против опаѓање на косата и за нега на сувата коса е маската од банани. Потребно е да испасирате една банана, додадете изматена жолчка, две лажици кисело млеко и една лажичка мед. Сето тоа измешајте го и нанесете го на косата пред миење. Држете ја маската 40 минути со крпа на главата. Маската се мие со шампон и кисела вода, а мекоста и сјајот се загарантирани.

 

Write A Comment