Здраво тело

Масната храна предизвикува рак на дебелото црево

Храната која е богата со маснотии го поттикнува растот и метастазирањето на карциномот на дебелото црево. Истражувањата кои се направени на заморчиња покажале дека храната која 60% од вкупната енергетска вредност ја сочинуваат масти го покачува нивото на биохемиските елементи поврзани со развојот на карциномот.

Испитувањето траело 16 недели, и на заморчињата им се давало масна храна по што дошло до зголемување на туморот како и до метастаза на белите дробови.

Овие резултати укажуваат на фактот дека со хронична консумација на масна храна се зголемува ризикот од карцином и метастазиран примарен тумор на цревата.

Write A Comment