After Midnight

Мажи кажете го ова и освојте ја жената

Ако сакате вашата партнерка да биде задоволна, треба да знаете што да и кажете. Ако ги кажете вистинските работи во вистинско време, ќе имате навистина успешна врска. Кои се работите кои жените сакаат да ги слушнат од мажите?

Не можам да поверувам колку си секси: Нема жена која нема да ужива во овој комплимент. Затоа, од време на време потрудете се да и го кажувате ова на партнерката, па може да очекувате благодарност и многу позитивни реакции.

Најубава си од сите твои пријателки: Иако се пријателки, помеѓу жените секогаш постои одредено ниво на ривалство. Сигурно ќе ве награди откако ќе направите да се чувствува убаво во својата кожа.

Ти си многу паметна: На овој начин ќе и покажете дека не ве привлекол само нејзиниот изглед, туку и нејзината личност.

Сакам да го поминам животот со тебе: Доколку сметате дека таа е вистинската, тогаш кажете и го тоа. Сепак, внимавајте со оваа реченица, затоа што тоа е скоро исто како да сте ја побарале за жена.

Ти си мојот најдобар пријател: На овој начин  ќе и покажете колку ви значи, затоа што жените навистина се трудат да бидат пријатели со своите партнери.

Како се чувствуваш (во врска со нешто): Како се чувствуваш или што мислиш се одлични прашања за да и покажете дека го цените нејзиното мислење и дека сте заинтересирани за нејзините ставови.

Ми го исполнуваш животот: Така ќе и дадете на знаење дека таа е единствената жена за вас, а тоа е едно од нештата за која сите жени сонуваат.

 

Напиши коментар