Celebrity

Мажи со високи потпетици во новиот спот на Madonna!

Madonna се враќа на светската музичка сцена со сигурни чекори и уште посигурен спот за песната „Girl Gone Wild“. Одлучила да не почести со експлицитно видео во црно-бела верзија.

Кралицата на поп музиката повеќе од успешно го промовира својот најнов албум „MDNA“ и повторно на 53 години покажува дека годините на неа не оставаат трага и дека таа е во одлична кондиција.

Сепак, мажите кои кокетираат и пленат со сексуални движења обуени во високи потпетици на моменти потсетуваат на сегменти од спотот за песната „Alejandro“ на Lady Gaga од пред две години. Интересно е што тогаш се коментираше дека Gaga страшно личи на Madonna во на почетокот на својата кариера.

Погледнете го музичкото видео и оценете сами:

http://www.youtube.com/watch?v=t3n8phigTyA&feature=player_embedded

Напиши коментар