After Midnight

Мажите избираат интелект наместо облини?!

Современите мажи се повеќе ја ценат жената во зависност од нејзините интелктуални способности, а не како последица од добриот надворешен изглед и нејзините способности во кревет и кујња.

Но претставниците на силниот пол треба да посветат поголемо внимание за својот надворешен изглед зошто жените на 21-от век се повеќе се примамени од физичката привлечност и се помалку се стремат да најдат богат сопруг.Тоа е така затоа што времињата се сменети и жените заработуваат доволно за да не мораат да склучуваат брак од финансиски причини.

Намалувањето на разликата на приходите помеѓу мажот и жената во западниот свет значи дека традиционалните приоритети за двата пола при изборот на партнер се сменети, според информацијата од најновите студии на оваа тема.

Додека мажите научиле да ги ценат жените поради нешто повеќе од облините, зголемената финансиска независност на дамите значи дека привлечноста на мажот веќе не е директно поврзана со длабочината на неговите џебови.

Жените по традиција бараат богати мажи кои ќе им дадат стабилност и ќе го издржуваат семејството, но жените во оние држави каде приходите се изедначени и жените заработуваат подеднакво како и мажите, се помалку се интересираат од тоа колку пари има мажот туку од тоа како изгледа.

Проблемот се уште останува во неразвиените држави…

Напиши коментар