Место насмеани партнери, жените ги привлекуваат мажи кои отворено ја покажуваат гордоста и срамот, бидејќи тоа им е показател дека тие се способни да се грижат за својата фамилија, тврдат научниците.
Ако некогаш сте се запрашале зошто Dejms Din i Marlon Brando ги кршеа женските срца ширум светот, научниците ни нудат одговор. Всушност, жените не ги сакаат среќните мажи, туку напротив ги одбираат мажите кои се намуртени, открива една студија на Univerzitet во Kanada спроведена на 1.000 луѓе. Истражувањето се спроведе за да се открие на кој начин насмевката влијае врз луѓето при нивното меѓусебно запознавање.
– Жените место насмеани партнери ги одбираат оние кои горделиво ја креваат главата, но и оние на чие лице лесно го препознаваат срамот. Гордоста на лицето на мажот делува како да е способен да се грижи за себе и својата фамилија тврди водачот на ова истражување Džesika Trejsi.
Меѓутоа, истото тоа не важи за мажите и среќните жени. Мажите насмеаните жени ги сметаат за потчинети и ранливи, а баш тоа ги прави попривлечни.
