After Midnight

Мажите сакаат жени кои пцујат на пет јазици?!?

Старата реклама за парфемот им праќа на жените едноставна порака, па иако е стара, некои од овие совети можеби не е лошо да ги послушате. На една страна се наоѓаат позитивните, а на друга страна негативните страни на жените. Сепак, некои од нив се навистина интересни, како на пример тврдењето дека мажите сакаат жени кои пцујат на пет јазици.

Лоши страни:

Жена која цело време зборува за диета

Жена која постојано решава крстозбор со пенкало

Жена која џогира и се фали со тоа

Жена која носи премногу силен парфем

Жена која не може да помине покрај огледало без да се погледне

Жена која не оговара

Жена која се плаши од дожд

Жена која не сака да признае дека чита ефтини романи (или во денешно време дека не гледа турски серии)

Жена која не би ги потрошила последните пари на парфем

Добри страни:

Жена која се прави дека слуша, дури и кога не го прави тоа

Жена која сака да се шегува

Жена која може да се дотера за 15 минути

Жена која знае да пцуе на 5 јазици

Жена која сака се повеќе од бело вино

Жена која одлично танцува

Жена која многу јаде

Жена која не плаче на венчаници

Жена која ска облека, но не зборува за неа

Жена која би ги потрошила последните пари на парфем, по можност за својот партнер

Напиши коментар