After Midnight

Мажите се изгубени во женскиот свет

Кога се опкружени со жени, мажите едноставно не можат да размислуваат нормално и трезвено.

Хетеросексуалните мажи имаат проблем со менталната концентрација кога се опкружени со жени. Научниците од Холандскиот Универзитет „Radboud University Nijmegen“ се заинтересираа за овој феномен и пробаа да го објаснат.

Имено според нив когнитивните способности на мажите се смалуваат кога се во близина на припадничките на поубавиот пол. Самото очекување за можна комуникација со жена ја смалува концентрацијата, истакнуваат научниците. Кога се во друштво со убави жени може да се случи и моментално краткотрајно губење на памтењето.

Според научните, таквото однесување на мажите е поврзано со таканаречениот „еволуционен притисок“, кој на некој начин ги обликувале мажите, на изглед обичните друштвени ситуации во кои се присутни жени да ги согледуваат низ сексуална призма.

Истресено во целата студија е фактот што не е забележан ваков ефект кај жените, односно тие се однесуваат нормални, нивните психофизички способности се на високо ниво независно од дали се во друштво на атрактивен или помалку атрактивен маж.

Напиши коментар