Се повеќе мажи доаѓаат во болниците поради серозни нарушувања во исхраната.
Болестите како анорексија и булимија често се сфаќаа како женски проблеми, но бројот на заболени мажи од оваа болест порасна за 16% во последната година.
Експерите за тоа ја обвинуваат јавноста, медиумите кои промовираат дека мажите мора да се слаби, како и фактот дека мажите се повеќе го копираат изгледот на славните личности.
Токму поради фактот дека овие болести се сметаа за женски, се повеќе мажи се срамат да признаат дека имаат таков проблем.
Податоците од британската здравствена организација покажале дека минатата година во болниците поради анорексија или булимија се примени 228 мажи, меѓу кои 78 тинејџери до 14 години, како и 39 момчиња на возраст од 15 до 18 години.
Мажите кои боледуваат од оваа болест се повеќе тежнеат да не јадат и опсесивно да вежбаат.