After Midnight

Мажите се зашеметуваат во присуство на убавици

При средбата со атрактивна жена, мажите инстиктивно почнуваат да користат поголем дел на мозочни функции за да остават добар впечаток, па преоптеретениот мозок едноставно не функционира нормално.

Студијата која ја спроведоа британските научници потврди дека природата е заслужна за тоа што мажите се зашеметуваат и „губат глава“ кога се во присуство на убави жени. Според нив, мозокот на мажите е програмиран за таква реакција веднаш по средбата со убава жена.

Холандските психолози исто така го тестирале однесувањето на одбрана група на хетеросексуални студенти. Секој од нив имал за задача да запомни и повтори одредени букви од азбуката. Потоа сите тие поминувале 7 минути во друштво на убавици. Новото тестирање по средбата со убавиците покажало дека студентите имале значително полоши резултати од претходно.

Професорот Џорџ Филдмен, член на британската организација на пзихолози тврди дека кога мажот ќе види убава жена тој мисли само на репродукција, додека жената бара други карактеристики – нежност, искреност, финансиска стабилност.

Тоа значи дека за разлика од мажите, кои едноставно „губат глава“ пред убави жени, жените се многу повеќе прибрани и во мажите кои ги сретнуваат ги бараат квалитетите кои ним им се значајни.

Напиши коментар