Free zone

Mercedes на подарок ако отворите депозитна сметка во банка

Идеи, идеи, идеи… како да се привлечат нови клиенти и да ги натерате да останат кај вас подолго. Еден од начините е да им подарите нов Мерцедес од моделите  2012 SLK350 Roadster, 2012 E350 лимузина, 2012 ML350 SUV или  2012 E350 Cabrio. Секако тоа да се добие бесплатно доколку во банка отворите депозитна сметка и потпишете договор на минимално 5 години.

Во тој случај банката располага со вашите пари, вие не добивате камата, но затоа добивате нов Мерцедес. На дното од договорот со најситни букви пишува дека вие на сметката ќе треба да имате најмалку милион долари, и тогаш Американската банка C1 ќе ви даде клучеви од автомобил кој вие ќе си го одберете. Вреди ли? Оценете сами.

Напиши коментар