Celebrity

Мет Дејмон се откажа од режисерското деби!

Актерот Мет Дејмон ќе игра во филмот на Гас Ван Санту, кој требало тој лично да го режира.

„Ветената земја“ е приказна за еден службеник кој доаѓа во еден мал град, а таму животот му тргнува наопаку бидејќи не може да се адаптира во новата средина. Сценариото го напишал самиот Дејмон заедно со Џон Красински.

Филмот на почеток бил замислен како режисерско деби на Мет Дејмон, но оскаровецот се откажал од работата позади камерата и засега ќе ја глуми само главната улога. Режисерската палка одлучил да ја остави за некој нареден пат кога ќе биде поспремен и физички и ментално.

Напиши коментар