Музичката штампа пишува дека најмладиот брат ќе им се „придружи“ на своите браќа за време на турнејата на групата „Jackson 5“.
Браќата на починатиот крал на поп музиката конечно ќе се соберат по 20 години со цел да тргнат на заедничка турнеја. Тие се заинтересирани за технологија која би им овозможила „Michael Jаckson“ да биде заедно со нив на сцената.
– Активно ја разгледуваме идејата за холограм на Michael, – изјавил неговиот брат Jacky Jackson (60).
Холограмот кој го „оживеа“ 2Pac на фествалот Coachella во Калифорнија, минатава недела чинел околу 150.000 долари, а го направила холивудската компанија за специјални ефекти „Digital Domain“.
