Celebrity

Mila Kunis – демон или ангел? :)

Ѕвездата од филмовите „Пријатели со придобивки“ и „Црниот лебед“ во новиот цртан филм ќе ја игра опасната ѓаволка.

„До пеколот и назад“ е цртан филм кој прати мала група млади луѓе кои се обидуваат да го спасат својот другар, кој случајно завршил во Пеколот. Mila Kunis ќе го позајми својот глас за главната демонска заводничка во подземниот свет.

Цртаниот филм ќе се појави дури наредната година, а ова на Mila не ѝ е прв подвиг во светот на анимацијата. Таа го позајми својот глас и за тинејџерката Meg во серијата „Family Guy“, а има глумено и во неколку други цртани.

Напиши коментар