Актерката Mila Kunis, поради улогата во филмот „Blood Ties“, се здебелила толку многу што е тешко да се препознае.
Според холивудските написи, актерката се здебелила дури 10 килограми и сега навистина изгледа како дебела американска домаќинка.
Девојката која важи за секс симбол и која бројни светски списанија ја вбројуваат во листата на најпосакувани жени на денешницата, сега го направила истото што и Charlize Theron за потребите на улогата во филмот „Монструм“.
Партнер на актерката во филмот ќе ѝ биде Clive Owen, а режисер на остварувањето е Guillaume Canet.
Филмот на Kunis моментално се снима во Њујорк, а тука можете да ги погледнете ексклузивните слики од текот на снимањето:




