Celebrity

Mila Kunis прва дама на САД!

Ѕвездата од филмовите „Црниот лебед“ и „Пријатели со придобивки“ Mila Kunis ќе ја игра легендарната прва дама Jackie Kennedy во филмот „Батлер“.

Филмот е вистинска приказна за Eugene Allen кој од 1952 до 1986 година работел во Белата куќа како батлер, а им служел дури на осум американски претседатели.

Главната улога во филмот ќе ја игра David Oyelowo, а ќе го режира Lee Daniels, кој исто така го има режирано и филмот „Precious“.

Освен Mila во филмот треба да се појават и други ѕвезди од калибар на John Cusack, Hugh Jackman и Oprah Winfrey.

Напиши коментар