Free zone

Милијардер без куќа и автомобил

Никола Бергрин е бездомник кој има богатство вредно 1,5 милијарди фунти. Звучи неверојатно, но тоа е вистината. Тој не поседува ни куќа, ни автомобил, ниту пак обичен часовник. Се што има е во кесата.

Пред 12 години се одрекол од станот во Њујорк, островот и тргнал да лута по светот. Ги имал најубавите девојки и со нив отседнувал во најскапите и најлуксузните хотели по светот. Неоддамна ги продал и своите акции од Бургер Кинг за 881 милиони фунти.

Клаудија Шифер се забавуваше со Бергрин

“Поседувањето на големи работи и живеењето во скапи куќи воопшто не е привлечно, сите ние сме на овој свет за многу кратко” изјавил тајкунот со француско-гермаснко потелко.

Лиза Лоубренд поранешна љубов на Бергрин

Бергрин е роден во Париз 1961 година. Неговиот татко се занимавал со продажба на делата на Пабло Пикасо. Својот бунтовнички дух го покажал уште на училиште, каде бил избркан поради непослушност. Во 1988 година ја основал големата компанија Алфа инвестмент менаџмент, која прераснала во гигант, а се откажал од неа од непознати причини во 2000 година.

Write A Comment