Celebrity

Missy Elliott се врати со два нови сингла

Популарната раперка ќе се врати повторно на музичката сцена со објавување на двата нови синга, по седум годишната пауза од издавање на музички албум.

Тимбеленд, нејзиниот долгогодишен соработник ги извести своите фанови на Твитер дека тие повторно започнуваат со работа. Двата сингла ќе бидат објавени многу наскоро, а тоа е нешто пред први септември.

Причината за нејизната пауза беше најпрво големата сообраќајка, а потоа големиот здравствен проблем со штитната жлезда. Мојот нервен систем беше во многу лоша состојба, не бев способна ни пенкало да држам во рака. Сега сум многу подобро, примам терапија, но ќе треба да внимавам малку повеќе на себе до крајот на животот, изјавила Elliott.

 

Напиши коментар