After Midnight

Моето срце те познава, уште пред очите да те виделе…

За мене и за секој од вас што верува во силата на своите мечти. За секој кој сака да си посака желба…

Денешниот ден и денешните мои желби се посветени на некој, кој треба да го сретнам. Дали го познавам? Јас не, но моето срце го познава, уште пред очите да го виделе…Денес си посакав да ја откријам мојата сродна душа. Другиот дел од целото. И не само посакав да го најдам, но и кога ќе го сретнам, да го препознаам наместо да се разминеме. Бидејќи за жал многу често се случува оние кои се создадени еден за друг, како последица од сплет небитни околности да се разминат, да не си дадат шанса, да не се препознаат, да се одалечат еден од друг и да жалат за тоа цел живот.

Го очекувам денот кога ќе го сретнам мажот што ме заслужува, мажот што ќе ме исполни, мажот кој ќе ме натера да заборавам на сите други. Мечтаам за мажот што знае како да биде маж. Маж, чии зборови тежат и значат нешто. Маж кој не се срами да биде спонтан и чувствителен понекогаш. Маж што знае што сака. Маж со посилен карактер од мојот. Маж што сака и се бори за љубовта. Маж за кого мојата насмевка ќе биде најважна. Маж што ќе ме држи за рака пред целиот свет. Маж кој ќе се гордее со мене. Маж што ќе знае како да ме укроти. Маж за кој јас ќе бидам предизвик. Маж каков што не сум сретнала до сега. Маж што ќе ме направи да се чувствувам како никогаш до сега.

Различен, за разлика од сите со кои животот ме сретнал до сега. Маж до кого ќе се чувствувам вистинска жена.

Те сакам! Те барам! Те чекам…Знам дека ќе ме најдеш…знам дека ќе те најдам. Зошто моето срце те познава, уште пред очите да те виделе…

Колку само пати досега поверував дека тоа си ти, но не беше. Колку само пати до сега ме раскинуваше болка, бев на дното, сама скршена, раскрвавена…Но сега веќе знам како да се заштитам и кого да чекам!

Ви благодарам на сите вас сенки од минатото што ми покажавте што е она што не ми треба во мојот живот, и што ми покажавте што е она што ми треба, што го чекам и знам…

Напиши коментар