After Midnight

Момци – како да ја освоите и задржите???

Доколку ви се допаѓа некоја девојка и знаете дека вие и се допаѓате неа, не чекајте – време е да ги превземете работите во свои раце. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат успешно да ја заведете и освоите:

На првиот состанок бидете умерени. Бидете спонтани, не лажете, но давајте и комплименти и чекор по чекор заведувајте ја додека не ја освоите навистина. Кога ќе решите заведувањето да го кренете на повисоко ниво започнте полека се додека атмосферата навистина не се вжешти и не ви даде знак да одите понатаму.

Бидете трпеливи додека таа ве запознае подобро и стекне доверба, не напнувајте веднаш со обиди за секс. Но кога ќе дојде време за секс, никако не ја заборавајте предиграта. Не ги запоставувајте женските ерогени зони како вратот, ушите, бедрата… И уште нешто, докажано е дека жените сакаат мажи кои орално ги задоволуваат, па не се срамете да се „спуштите“ долу. Усовршете ја уметноста на оралниот секс, вежбајте и испитувајте бидејќи за успехот пресудно е искуството. Таа сигурно ќе биде воодушевена и ќе сака да ви возврати во иста мера.

Поработете на својот физички изглед бидејќи жените, иако велат дека им е најважен карактерот, и те како обрнуваат внимание на вашиот изглед. Како што вие сакате таа да изгледа секси, така и таа сака некој кој физички ја привлекува

Не заспивајте веднаш после сексот, бидејќи жените секогаш сакаат да се мазат и да споделуваат нежности по водењето љубов. Кажете и неколку убави зборови, прегрнете ја силно, поделете и комплименти…

Напиши коментар