Медицината веќе подолго време советува дека она овошје и зеленчук со портокалова боја драстично го намалуваат ризикот од болести на срцето, очите, малигни болести, пореметување на метаболизмот и многу други.
Причината за тоа се должи на супстанцијата наречена алфа-каротин, кој од своја страна претставува моќен антиоксиданс со силно антикарценогено својство.
Истражувањето траело цели 18 години во кое учествувале над 15 000 мажи и жени на различна возраст. Крајните резултати покажуваат дека ризикот да умрете од болести на срцето или карцином се намалува за цели 40%.
Затоа јадете се што е портокалово. Дури и да не сте љубител на моркови и тиква на пример, вклучете ги во своето мени барем 2-3 пати седмично, бидејќи за вашето здравје и живот се работи!
