Често во животот велиме дека никогаш нема да се најдеме во некоја ситуација или пак дека нам нешто не може да ни се случи. Но никогаш не вели никогаш, подобро е да не брзаме со заклучоци.
Можеби сте мислеле дека никогаш нема да може да бидете во добри односи, а камо ли пријателки со бившата на вашиот партнер, но одеднаш сте сфатиле дека тоа е неизбежно. Сепак и тоа има свои предности. Знаете како велат – држете ги пријателите близу, а непријателите уште поблизу.
Ако едноставно не може да ја избегнете неговата бивша, тогаш потрудете се да и покажете колку сте самоуверени и неоптеретени со неговите бивши девојки. Шегувајте се и бидете позитивни, па дури и на своја сметка.
Ако сте принудени постојано да се гледате, на пример доколку работите со неа, најдобро е на нејзе да гледате како на некој кој е сличен на вас, а никако како на ривалка која сака да го превземе вашиот маж. Спречете ја драмата на време. На крајот на краиштата, таа со причина е негова бивша, а вие сте негова девојка.
