„ Има многу риби во морето“ обично е реченица која ја користат личностите чие срце е „скршено“. Но дали е тоа навистина така???
Заблуда е дека постои само една личност која е љубовта на нашиот живот.
Доколку му веруваме на неодамнешното Англиско истражување докажа и покажа дека луѓето во просек се заљубуваат „само“ четири пати во текот на животот.
Според истражувањето луѓето одлуката да паднат во „тавче“ ја донесуваат на 27 годишна возраст. Од 2000 испитаници 33 проценти одговориле дека тоа го направиле со нивната прва љубов,
4 од 10 личности „застанале на лудиот камен“ со својата втора љубов.
67 проценти од испитаниците одговориле дека им е жал што не се заедно со нивната прва љубов.
Најдобрите години за заљубување се 20 те години од животот.
8 од 10 испитаници признале дека токму во 20 – те години ја доживеале првата љубов.
4 од 10 првата љубов ја доживеале во текот на триесеттите години.
1/3 првата љубов ја доживеале во текот на 40-те години.
41 процент признале дека се заљубиле во погрешна личност(најчесто во видот на колега/колешка од работа)
Иако свесни за последиците на лошиот избор, 77 проценти одговориле дека не можат да го контролираат заљубувањето ниту личноста во која ќе се заљубуваат.
