Free zone

Мозокот на мажите послабо работи само кога ќе се спомене зборот жена

Често велиме дека мажите моментално се губат кога ќе здогледаат убава жена. Сега и истражувањата го докажуваат тоа. Самото споменување на женско име влијае на работата на мозокот. Истражувањето било направено на 90 млади хетеросексуални мажи и жени.

Задачата била да читаат на глас кратки зборови од устата на истражувачите, а при тоа ги снимала камера. Кога на мажите им било кажано дека зад стаклото има жена која ги набљудува тогаш тие станувале поспори во извршувањето на задачата. Додека пак кај жените немало никаква промена кога им било кажано дека има маж кој ја следи нивната работа.

Истражувачите велат дека со самото спомнување на зборот жена било доволно да се укочи мозокот на мажите.

Зарем толку големо влијание имаат жените над мажите?

 

Напиши коментар