Модните советници се сложија дека белата кошула е она нешто што секој маж мора да го има.
Белата кошула во машката мода значи колку црното кусо фустанче за жените. Може да се носи во комбинација со палто и панталони, за свечена пригода, а може да се носи и со фармерки во некоја кежуал варијанта.

Белата кошула може да се најде во моменти кога нема што да облечете, а треба набрзина да се спремите. Доколку станува збор за свечена пригода искомбинирајте ја со палто и панталони кои може да бидат црни, сиви, кремасти нијанси и слично. Или пак искомбинирајте ја со светли фармерки, маичка кога станува збор за некое дневно излегување.

Белата кошула исто така може да ја искомбинирате со плетени џемпери. Во зима таа одлично ќе го разбие сивилото во вашата гардероба.
Освен тоа, мора да се сложиме дека и на жените одлично ќе им се најде во некоја “посебна” прилика:))

