Free zone

Музиката звучи подобро со Swarovski кристалите

Xbox 360 украсен со Swarovski кристали

Микрософт го поседува овој специјален Xbox, поточно австралискиот Микрософт. Тие побараа од Crystal Roc да произведе неколку неколку украсени Xbox 360 за една кампања. Ова на сликата што го гледате е со најмногу кристали – 11.520. Crystal Roc вели дека било потребно 70 часа за да се изведе работата на конзолата.

Блескава виолина

Linzy Stoppard ја покажува Swarovski-инкрустрираната виолина, која се наоѓа во витрините на Harrods. Секоја нарачка на Bridge електричната виолина има инкрустрирано 50.000 Swarovski кристали и има етикета на која пишува цена од 1 милион фунти.

Swarovski DJ Слушалки

Направени од славниот мајстор на кристали Swarovski овие DJ слушалки се посветкави од диско топката. Сигурно не се досадни кога нивната цена е околу 2.400 долари.

Swarovski кристален тоалет

Овој Swarovski тоалет секако ќе ви го привлече вниманието. Дизајнот е на Jemal Wright, и спаѓа во „Isis“ листата на предмети за во бања кои се делумно или целосно покриени со Swarovski кристали. Цена 75.000 долари.

Swarovski кристален фрижидер

Уште еден предмет исполнет со Swarovski кристали – фрижидер. Можеби треба малку повеќе вкус а малку помалку „исполнетост“, со овој предмет кој не е ни целосно прекриен со кристали. Овозможен е во ограничен број во Harrods во Лондон.

Егзотична Vespa Scooter

Германската компанија Stonerichworld ја брендираше оваа уникатна Vespa VVB 150 од 1961 год. со 150.000 Swarovski кристали. Беа потребни четири години за да се развие технологијата и да се нанесат кристалите без да се оштети бојата. Цената на овој скутер е 321.150 долари.

Електрична вакум правосмукалка

Полскиот дизајнер Lukaz Jemiol го креирал најскапиот вакум чистач во светот. 3.730 кристали на Swarovski се нанесени на направата. Вакум правосмукалката е земена од основниот стандарден модел „Ergorapido“ од Electrolux.

Swarovski Mercedes Benz

Дополнителните модификации се направени од стана на компанијата да дополнителни лични модификации на автомобилот – „Garson/D.A.D“ за да ги назначи личните модификации кои можете да ги направите на еден Mercedes. DAD Mercedes Benz SL600 презентиран од DUB магазинот, кој е инкрутриран со 300.000 Swarovski кристали и чиј гламурозен израз е комплетиран со баварски белите кожи на покривките на седиштата.

Hello Kitty Swarovski iPad ташниче

Само 591.28 долари!

Swarovski када за бањање

За изработка на дијамантската када за бањање на уметникот Lori Gardner му беа потребни три години и 44.928 розеви Swarovski кристали кои се рачно поставени на еден прекрасен примерок на када направена во стил од 19 век. Импресивно, зарем не?

Swarovski новогодишно дрво

Едно од најгламурозните новогодишни дрва оваа година е декорирано со над 2.000 Swarovski кристали.

Hello Kitty велосипед покриен со Swarovski кристали

Sanrio и Swarovski се здружија тајно откако открија посебен регион на мозокот во Hello Kitty кој убрзува кога овие две се во комбинација. Велосипедот припаѓа на фанатик на Hello Kitty кој потроши цело богатство за да се декорира нејзиниот Hello Kitty велосипед со околу 50.000 Swarovski кристали! Се обложуваме дека ова е најблескавиот велосипед на светот.

Swarvoski високи потпетици

Dolce & Gabanna Suede Swarvoski високи потпетици – 995 долари

Swarovski турпија за нокти

Турпијата за нокти на Swarovski креирана од дизајнерот Craig Coulton за натпревар во дизајн организиран од страна на Designboom, се состои ид два дела поврзани на склопување. Кристалите се странично поставени долж сребреното, златното или платинестото тело на турпијата. Изгледа дека постојат неброени начини како кристалите можат да разубават еден предмет.

Linea Pro Swarovski Crystal C2 Iron

Linea е единствената компанија на светот која дозволи употреба на Swarovski на рамна пегла и 2500+ кристали сите рачно поставени со специјално лепило отпорно на топлина. Самата пегла има екстра долги плочи од титаниум, PTFC затоплувач (оригинално креиран од НАСА), турмалин-вградена керамика, во светот прв пат со дигитално контролирање на температурата и авто-исклучување, и ексклузивно нано-сребро кое убива 99.9% од бактериите. Секоја пегла се изработува само по нарачка и кошта 850 долари.

 

Swarovski бикини

И на крајот, ова се светкавите бикини на Анита на Pistol Panties кои чинат 2.000 фунти (околу 3.000 долари), но затоа се покриени со повеќе од 5.000 Swarovski кристали.

Напиши коментар