After Midnight

На кои се начини мажите го кријат неверството

Некои изневеруваат само затоа што им се може, другите бидејќи се незадоволни во односот, но сите на ист начин го прикриваат неверството и променето однесување кон партнерот.

Моралните граници или верноста во една љубовна врска не се својствени за сите. Некои не чувствуваат вина ако изневеруваат, туку исклучиво страв да не бидат фатени, и нивната филозофија е да ја искористат секоја прилика која им се укажува.

ПОТРЕБИ

Некои изневеруваат бидејќи нивните потреби не се задоволени во односот и веруваат дека изневерувањето, во тој случај е оправдано. По неверството сите сакаат да ја знаат причината, но нејзиното откривање не го прави неверството помалку тешко.

ЗАБРАНЕТО ОВОШЈЕ

Иако се можеби потполно задоволни во својот однос со партнерот, некои луѓе буквално се зависници од  адреналинот и возбудата  која го  дава изневерувањето на постојниот партнер.

МОЛЧЕЊЕТО Е ЗЛАТО

Прељубниците со големи тајни обично се бисексуално ориентирани и го изневеруваат партнерот со некој од спротивниот пол. На тој начин си ги исполнуваат своите фантазии, а во исто време ја одржуваат лажната слика за своето  „совршено“  семејство.

ЗАСИТЕНОСТ

Ако вашиот партнер е тип кој не е склон да повлекува  енергично да „пресекува“, можно е да ве изневерува бидејќи се заситил во вашиот однос но нема доволно храброст да го прекине. Можно е, тој потсвесно да очекува да го фатите.

ЗНАЦИ ДЕКА ВЕ ИЗНЕВЕРУВА

Применува новини во сексуалниот однос

Ако вашиот партнер е подготвен  на работи кои дотогаш не сте ги применувале или има необични сексуални барања, можно е да е нашол инспирација во сексот  со некој друг. Предупредувачки знак  се и се поретките сексуални односи меѓу вас.

Чудни повици

Ако на секое ѕвонење на мобилниот оди во друга соба, не сака да се јави на повиците бидејќи божем повторно го бараат од работа – имате причина за загриженост.

Ненадејно пријателство

Ненадејно слушате муабети за новата колешка или колега од работа. Можно е вашиот партнер да се вљубил. Во комбинација со се почестите доцнења дома со оправдување дека има многу обврски на работа, запрашајте се дали тој пријател е само пријател.

Повлекување во себе

Ако одеднаш не водете интимни разговори и вашиот партнер не ви се доверува, можно е да крие афера (неверство). Повлекувањето во себе многу често се случува како резултат на грижа на совеста.

Недостапност

Постојано е недостапен, мобилниот му е празен. И тогаш постои опасност дека ве изневерува. Недостапноста обично повлекува лаги кои служат како оправдување, а ако сфатите дека партнерот секојдневно ви се правда, тешко е да се каже дека во прашање се сплет на околности.

Чувство

Човечката интуиција е необична појава која во повеќето случаи се покажала како точна. Во колку немате  проблеми со љубомората и самодовербата, а одеднаш се почувствувате несигурно, најверојатно не без причина се чувствувате така.

Напиши коментар