After Midnight

На која страна ја навалувате главата кога се бакнувате?

Иако бакнежот е најинтимен и најтопол поздрав, сепак некогаш може да биде и многу ладен. Во зависност од тоа на која страна ја навалувате главата кога се бакнувате, откривате колку сте емотивни.

Околу 80% од мажите и жените кога се бакнуваат главата ја навалуваат на десната страна, а само 20% од нив на левата.

Според истражувачите, кога се бакнувате и ја навалувате главата на десната страна значи дека сте полни со емоции, а кога се навалувате на левата страна тоа го правите со помалку емоции.

Кога луѓето се навалуваат на лева страна при бакнувањето, тоа значи дека се чувствуваат помалку нелагодно и не се баш сигурни дека треба да се бакнат.

Напиши коментар