Free zone

На мажите им растат нозете и рацете, а им се скратува пенисот???

Во последниве 60 години рацете и нозете на мажите се издолжуваат, но на сметка на пенисот, тој се скратува за околу еден сантиметар.

Овие резултати ги покажа едно истражување во Италија. Споредено со поставените стандарди од истражувањето направено пред 60 години се заклучи ова. Научниците како причина за таа појава ја наведуваат животната средина и се поголемата дебелина.

Научниците во своето истражување вклучиле 2019 млади мажи на кои им биле извршени мерењата. Во последниве 60 години, рацете и нозете на мажите се значително “пораснати”, третина од мажите се со подолги раце од стандардните, а скоро 50% се со подолги нозе. Но, затоа пак пенисот е пократок за за осум милиметри.

Научниците истакнале дека дебелината е голем фактор за тоа, бидејќи таа влијае на производството на хормони, пред се во времето на адолесценција кога се случуваат многу процеси во организмот.

Недостатокот на машкиот хормон тестостерон влијае на зголемен коскен раст, но го спречува растот на половиот орган.

Напиши коментар