After Midnight

На мажите им се попривлечни глупавите жени

Според резултатите на најновите истражувања, мажите се “програмирани” да бараат жени кои се однесуваат глупаво, бидејки тоа значи дека им е полесно да ги искористат. Според истражувањата мажите само малку се имаат променето од времето на ерата на неадерталците, кога најважно мото било ширењето на гените.

За што всушност станува збор? Од истражувањата на кои беа испитани и мажи и жени, наравена е листа на 88 фактори според кои лесно е да се препознаат жените кои е лесно да ги искористите. Тие жени може да се препознаат по одредени гестови на пр. лижењето на усните или поспаниот изглед.

Подоцна фотографиите покажаа дека во друга група на испитаници биле мажи на кои им биле покажани фотографии од жени кои требало да ги оценат  и да одговоорат колку ги сметале за пожелни.

Физичката ранливост, како и нискиот раст, мажите не го сметале за сексуално атрактивен. Психичката ранливост, како на пример жени кои незрело се однесуваат и кои делуваат помалку интелигентно, резултирале со подобри оцени.

Мажите давале поголеми оцени на жените кои изгледале поглупаво, отколку на оние кои изгледале интелигентно на фотографиите. Но, интересот, значително опаднал кога им било поставено прашање , дали сепак, со овие ” глупави” жени би останале во подолга врска.

Според истражувањето мажите  давале поголеми оцени на жени кои глупаво изгледаат според проценката на ранливостта, која е клучен фактор за активирање на психолошкиот ментален механизам, поврзан со искористувањето.

 

 

Напиши коментар