Мажите кои своето слободно време го поминуваат со книга во рака се поромантични, имаат повеќе разбирање за жените и се многу покреативни и по нежни кога станува збор за водењето љубов.
Мажите кои сакаат да читаат книги се подобри љубовници, покажа последното британско истражување. Освен гореспоменатите предности, начитаните мажи се и позрели, посериозни, елоквентни и на проблемите им пристапуваат на порационален начин.
Во анкетата спроведена помеѓу припадниците на посилниот пол се покажало дека дури 49% од испитаниците кои не читаат книги исто така не ја ценат романтиката и не се трудат да ги разберат жените, како и тоа дека им е поважен изгледот на жените отколку нивниот карактер.
Исто така, љубовта кон книгите има и предности во фазата на додворување, затоа што начитаните мажи имаат далеку подобар успех во заведување на жените. Интересен е податокот дека дури 44% од жените сметаат дека мажите кои не читаат не се спремни за сериозна врска или брак, туку бараат само минливи авантури.
