Celebrity

Надежната „Whitney“ со ново видео!

R&B ѕвездата Jennifer Hudson изгледа одлично во своето најново музичко видео за песната „Think Like a Men“ која е всушност соработка со раперите Nе-Yo и Rick Ross. Овој сингл е водечки од саундтракот за филмот на Tim Story кој ќе го носи истиот назив, а ќе биде прикажан во кината на 20-ти Април.

Песната е одлична и многумина се прашуваат дали Hadson е можеби новиот глас кој ќе ја замени Whitney Houston. За видеото кое е во режија на Chris Robinson, тој вели:

–          Концептот на песната е од самиот филм и идејата е дека жената треба секогаш да се однесува како дама и да биде жена, но да мисли како маж, да биде цврста и да се држи до себе си.

Погледнете го видеото:

Напиши коментар