After Midnight

Најдиректните начини на заведување не се ефикасни

Сексолозите тврдат дека суптилното заведување дава подобри резултати, а ова се некои од нивните совети за флерт кој не е толку очигледен…

1. Наведенте се кон него

Луѓето природно се наведнуваат кон оној кој ги привлакува, а се оддалечуваат од оној што ги одбива. Наведнете се кон него и покажете му дека ве привлекува како магнет.

2. Намерна незгода

Одглумете дека случајно сте посегнале по истата храна на шветската маса или наместо својот, земете го неговиот мобилен. Кога поминува покрај вас, допрете му ја раката или рамото и ќе се создаде сексуална напнатост која тешко ќе можете да ја игнорирате.

3. Прстите на нозете

Секогаш насочете ги прстите на нозете во насока која ви се допаѓа. Со овој потег му покажувате дека ви е постојано во мислите, но и дека сакате да му се доближите во секој момент. На стапалата се наоѓаат повеќе неврони отколку на рацете, рамениците, нозете и грбот, а многумина имаат изразен силен фетиш токму на овој дел.

4. Личен простор

Влезете во неговиот личен простор со некој дел од вашето тело, на пример со стапалото или ставете ја часата блиску до него. На овој начин му покажувате дека сакате да бидете блиску до него, а не прозборевте ниту еден збор.

5. Одобрување

Кога жените меѓусебно разговараат, климањето со главата за нив значи разбирање и поддршка. Мажите потврдното климање со глава го гледаат како знак на согласување  со она што го зборуваат. Тие ценат одобрување, бидејќи тоа им покажува дека прават работа достојна за пофалба.

6. Допрете го своето срце

Кога ќе слушнете некоја тажна и болна приказна или кога сакаме да изразиме љубов кон некого или нешто, често ја ставаме раката на гради, преку срцето. Покажете му дека го допрел вашето срце, со тоа што самите ке си ја ставите раката во овој дел.

7. Гледајте го неговото лице

Кога ви зборува, гледајте го неговото лице, а погледот нека ви застане на неговите усни. На овој начин го привлекувате неговото внимание на бакнување.

Напиши коментар