Убавина

Најдобри трикови за зголемување на волуменот на косата

Доколку ги примените овие едноставни совети вашата коса може да добие сосема нов изглед. Доколку вашата коса е ретка и тенка со следните мали трикови ќе добиете коса со волумен.

Рамна фризура

Заблудата е дека степенастото шишање дава волумен, напротив вашата коса изгледа потенка. Затоа би требало да направите рамна фризура и вашата коса ќе изгледа поволуменасто.

Фенирајте наопаку

Кога ја фенирате косата фенирајте во обратна насока. Ако имате долга коса можете да префрлите преку лицето и така да фенирате, а доколку имате кратка коса земајте премени и со помош на четка подигнете ја косата во вис и фенирајте.

Шампон за суво миење на косата

Одличен начин да добиете инстант волумен е да ја „измиете“ косата со шампон за суво миење.

Виклери

Ако имате малку повеќе време, виклерите за коса се традиционален но можеби најефикасен начин да добиете волумен на косата.

Натапирајте во коренот

Уште еден добар стар начин за зголемување на волуменот е тапирањето во корен. Земете помал чешел и почнете на неколку сантиметри од главата да тапирате.NATAPIRAJTE U KORENU

Влажна пунџа

Мократа коса исчешлајте ја, заврзите коњско репче и потоа завијте го во пунџа. Оставете така да се исуши косата, размотајте ја пунџата и уживајте во волуменот.

Неуредна плетенка

Неуредната плетенка на страна е секогаш во мода и може да се носи во секоја прилика. Најдобро од се е што косата изгледа многу побујна.

Write A Comment