After Midnight

Најдобриот секс е…!!!

Најдобриот секс не се доживува често. Најдобриот секс е оној секс кој ќе ги вознемири сите ваши сетила и кои ќе го памтите подолго време…

Сексот е забавен без разлика дали ја сакате мисионерската положба или практикувате камасутра стил. Но во сексот постојат одредени категории и што всушност разбираме под најдобар секс.

Секс со тензија

Овој секс се состои од фантазија. Веќе подолго време го чекате, меѓутоа никако да го спроведете. На овој секс му предходата, случајни допири, бакнежи, ракувања… и сето тоа кај Вас биди јако чувство на возбуденост. Сексуалната напнатост е толку голема и поради фактот што не знаете дали некогаш ќе се случи, тензиите растат и доколку дојде до посакуваниот секс Вие сте на седмо небо.

Секс зачинет со „ сочни“ зборови

Овој вид на секс започнува вербално. Најверојатно седите еден до друг на јавно место и се што за што зборувате е свртено кон сексот употребувајќи „сочни“ зборови. Напнатоста расте до небо, а Вие не можете да дочекате да се најдете на некое удобно место. Кога конечно ќе се случи, почнува секс зачинет со „сочни“ зборови кои никогаш пред тоа не сте ни помислиле дека ќе искочат од вашата уста. Во тие моменти настанува збрка во вашиот мозок, Вие не знаете што ве пали дали сексот или сочните коментари.

Секс со пријател

Вие сте на некоја забава и сте испиле чаша алкохол повеќе… а пријателот кој го знаете цел живот ви станува неверојатно привлечен. Не сте сигурни дали тој истото го чувствува за Вас и… тензијата расте. Не знаете дали мозокот Ве лаже, но тој Ве гледа на друг чуден начин… збунетоста расте до максимум. Знаете дека тоа е нејнепаметниот потег што можете да го направите но тензијата и збунетоста која ја чувствувате вели „ми е гајле“. Со брзината на светлоста барате идеално место за ненадејниот адреналин.

Секс на јавно место

И овој вид на секс е неверојатно напнат. Нуди огромна возбуда знаејќи го фактот дека во секој момент може да бидете уловени на местото на задоволството. Јака страст, прибиени тела и само еден мал дел од мозокот кој е свесен за можните последици… неверојатно чувство!!!

Страстен љубовен секс

Овој вид на секс е помеѓу парови кои веќе долго време се заедно и добро се познаваат. Синергијата на допирите и воздишките е донесена до перфекција. Ваков секс може да се случи само помеѓу оние парови кои навистина се сакаат и од сите видови секс, овој секс е број 1… дефинитивно најдобар.

Напиши коментар