Многу наскоро женската публика ќе може да го види она што долго го очекува со нетрпение.
Во најновото остварување на Стивен Содерберг “ Magic Mike”, до гола кожа се соблекуваат дел од најдобрите фраери на Холивуд, па не е ни чудо што женската популација со нетрпение го очекува филмот.

Филмот е инспириран од вистинскиот живот на актерот Ченинг Тејтум, кој на почетокот од својата кариера, на 19 години работел како стриптизер во стриптиз бар. Тој во филмот има улога на искусен играч кој подучува едно младо момче на трикови во таа работа.
Во филмот се појавуваат Алекс Петифера, Метју Меконаи.
Филмот ќе ја доживее својата светска премиера во Сад на 29 јуни оваа година.
