After Midnight

Најдобрите причини за секојдневен секс

Задоволството не е единствената придобивка на сексот. Сексот е добар и поради други причини…Погледнете кои се тие и одлучете што ќе правите.

 1. Мирисате поубаво и попривлечно

При сексот се ослободува големо количество на естрогени и тестостерон. Според најновите истражувања тоа е причина Вие да мирисате многу поубаво, а лошите телесни мириси да исчезнат.

2. Го зајакнува имунитетот

Редовното водење љубов го зголемува нивото на имуноглобинот (IgA)  кој е првата одбранбена линија на вашиот имунолошки систем.

3. Ги намалува последиците од стрес

Не дозволувајте стресните моменти да влијаат на вашиот сексуален живот. Сексот не само што ќе ви го подобри расположението туку и ве прави имуни на секојдневни  стресни ситуации.

4. Ја намалува болката

Ако имате главоболка и истата ја користите како изговор да не водите љубов, тогаш „гадно“ се лажете себеси и партнерот. Во моментот на сексуален врв нивото на oksitocin (хормон кој ја редуцира болката)е за 20 пати поголем.  Тоа е исто како да сте испиле 5 апчиња кафетин а главата не ви поминува.

5. Ќе живеете подолго

Во текот на оргазмот се ослободува хормонот dehidropiandrosteron , кој е одговорен за обновување на сите ткива во телото.

6. Ја подобрува циркулацијата на течности во телото

За време на сексуалниот однос срцето работи побрзо, а тоа придонесува за побрзо чистење на телото од токсини кои го прават телото уморно.

7. Квалитет сон

По сексот спиењето е вистинско задоволство, а вие следниот ден ќе бидете свежи и полни со енергија.

8. Кардиоваскуларни причини

Неодамнешната студија на Бостонскиот универзитет, откри дека мажите кои имаат сексуални односи повеќе од 2 пати неделно се изложени на помал ризик  од срцеви болести, за разлика од оние кои имаат помалку  1 до 2 пати секс во еден месец.

Напиши коментар