After Midnight

Најглупави причини за да останете со партнерот кој не го сакате !!!

Илустрација

Знаете дека тој не е вистинскиот и никогаш нема биде… незадоволство и немање чувство на заљубеност и љубов…. Зошто до сега не го оставив???

Заради семејството…

Жените често знаат да најдат глупави причини за да го оправдаат својот партнер и да останат со него, причината блиските и семејството. Тој им се допаѓа на твоите, ти си супер со неговите , твоите пријателки го обожаваат. Како на сите да им објасниш дека Вашата врска нема иднина??? Ситуацијата нималку не е наивна, во овој случај не се работи за него туку за тебе, а префрлувањето „вина“ на семејството не е никакво решение туку продолжување на проблемите.

Нема да најдам подобар…

Свесна си за неговите мани и дека Вашата врска не функционира најдобро, но исто така се свесна дека не можеш да најдеш подобар од него… и го прифаќаш фактот дека никогаш нема да бидеш потполно среќна. Ова е размислување за кое се придржуваат девојките кои немаат доволно самодоверба, храброст и љубов спрема самите себе.

Не сакам да останам сама

Стравот од тоа дека до крајот на животот ќе останеш сама не е причина да останеш во лоша врска. Никогаш не можеш да знаеш што те очекува на следната станица доколку се симнеш од автобусот на претходната. Во оваа ситуација поставете си следното прашање кое ќе Ви го даде патот „Зошто мислам дека со него ќе бидам посреќна отколку кога би била сама ???“

Ќе се промени

Жените никако да престанат да веруваат во оваа бајка. Вистината е дека на него можеш да му ја промениш само фризурата и стилот на облекување… неговиот карактер засекогаш ќе остане негов. Не се „занесувај“ дека некогаш ќе ти тргне од рака да го промениш, еден момент не е доволен да кажеш дека „Успеав да го сменам“.  Или прифатија ситуацијата каква што е или остави го… сите обиди да го промениш се само губење време !!!

Потребна сум му !!!

Свесна си за фактот дека ќе биде изгубен доколку го оставиш. Тој навикнал на тебе и потполно е зависен од тебе, а ти врз себе ги превзема сите улоги на мајка… Ако тоа не тоа што ти го бараш и што не те исполнува, немој да дозволиш крајното чувство на вина или потреба ја одржува Вашата врска.

Write A Comment