Постои голема листа на „ бели лаги “ кои луѓето ги користат со цел „ да не повредат некого “.
Доколку слушнете како некој маж Ви каже дека во моментов не бара врска, но може да продолжи дружењето, без обврски, всушност мисли „ Не дека не ми се допаѓаш, меѓутоа ќе останам со тебе…додека не наиде некоја подобра “…Немојте да мислите дека ќе се заљуби во вас ако му дадете малку време, бидејќи нема. Наместо да чекате и да бидете златна резерва, продолжете понатаму !!!
Клишеата се тука со причина. Оној кој ги слуша не ги ни разбира, збунет е и бара подлабоко значење. Она што треба да го прифатите е дека некое време нема да биде едноставно, меѓутоа времето навистина лечи се, а доста добра работа е и тоа што, поминува… Пробајте да поминувате без оправдувања и изговори. Секој бара идеален партнер за себе, а ако тоа не сте Вие за него или неа…не е и истата личност за Вас !!!
А кои се всушност најголемите клишеа ???
1. „ Мислам дека нема хемија “ – Во превод, добар си, но мислам дека многу бараш. Доколку некој не е доволно загреан за Вас, се што барате ќе биде премногу, ќе го гушите и ќе му вршите притисок… Тука завршува делот со таа личност ! Не ѝ се допаѓате…Што не значи дека ќе се фрлите на плачење…
2. „ Извини што не ти се јавив “ – Ова некако повеќе значи „ Бев зафатен со друга девојка“… Наместо да се правите дека сé е во ред, кажете му дека Ви сметаат ноншалантни повици. Ако сакате повремено дружење, таквото однесување нема да Ви смета, но доколку сакате нешто повеќе, решете го проблемот уште на старт…
3. „ Има доволно риби во морето “ – Ако го слушнете ова од Вашите пријатели, всушност тие сакаат да Ви кажат дека им е доста од Вашето зборување за врската и оправдувањата за партнерот кој Ве изневерува. Сепак, вистинските пријатели нема да се послужат со овие остри зборови и ќе Ви понудат утеха…
4. „ Моментално не сум спремен за врска “ – Или конкретно: „ Не сум спремен за врска со тебе“. Личноста која тоа ќе Ви го каже, не може да Ве замисли Вас како потенцијален партнер и се што добива во тој однос е премалку. Сочувајте го своето достоинство без драми и испади, бидејќи станува збор за некој кој не умее да ги препознае Вашите потенцијали.
5. „ Ти сакаш повеќе од она што можам да ти го понудам “ – Оној кој тоа ќе Ви го каже не е доволно заинтересиран да поминува време со Вас. Ако не може да Ви го даде она што го барате- одлично, Ви заштедил време !!!
6. „ Мислам дека најдобро би било да останеме пријатели “ – Доколку ова го слушнете…бидете сигурни дека не сака ! Во овој случај постојат две опции: Или ќе сака да се слуша со Вас, само поради секс или воопшто нема да Ви се јави. Доколку едната страна има подлабоки чувства, не може да се роди пријателство. Тоа би било навистина болно и тешко…
