After Midnight

Најлуди машки фантазии

Жените често ги интересира кои се сексуалните фантазии на машките и неретко ги сметаат за бизарни и претерани. Истражувањата покажаа дека секој маж има своја фантазии која ја смета за „жешка“ и врв на неговото сексуално уживање. Проверете кои се најголемите фантазии на мажите и можеби ќе ви падне некоја идеа како да го изненадите својот партнер.

1. Фантазијата за сопствена харем и стара колку и машкиот род.

Водење љубов со две или повеќе жени одеднаш. Сценариото е едноставно две или повеќе прекрасни жени кои ги задоволуваат неговите најлуди фантазии.

2. Водење љубов на јавно место

Многу мажи ги возбудува помислата за водење љубов на јавно место, парк, училница, плажа …. сепак сексолозите сметаат дека ова не може да се нарече права фантазија туку само желба да се прекине некоја досадна сексуална рутина.

3. Свингање

Правилото на свингање е едноставно – те варам а ти се согласуваш со тоа и обратно. Иако ова е далеку од сфаќањето на околината и од нашите сфаќања сепак ова појава во последно време почнува да се практикува. Според сексолозите овој вид на забава е тежок за жените тие се оние кои емоционално патат и се согласуваат со тоа само да не го изгубат својот партнер.

4. Жени во секси костуми

Медицински сестри, стјуардеси, ученички, полицајки, собарки се дел од нивните фантазии. Машките фантазии. Бидете иновативни и бидете негова фантазија.

5. Мажите сакаат секси зборови

Тишината за време на сексот повеќето од мажите ја сметаат за „грев“. Тишината не го дозволува врвот, затоа пробајте со неколку „злобни“  зборови да го донесете до „ лудилото“.

7. Зрели жени

Идеалната жена во најубавите години е најпопуларна машка фантазија, а вистински пример за тоа е Monica Bellucci  прекрасна, искусна и „сочна“’.

Напиши коментар