Колку повеќе пари толку повеќе проблеми, вели народот. Колку повисок ранг толку повеќе одговорности. Но со тоа, со повисок ранг и повеќе пари вратите на земјата од соништата се пошироко отворени. Богатите луѓе, како и ние, си ги имаат сопствените играчки, кои не наликуваат на нашите, нивните играчки се многу скапи. Исто така, секако не како и ние, тие можат да си играат со своите јахти. Многу, многу, многу големи јахти, од најдобрите производители, најскапите.
„Eclipse“
Роман Абрамович е сопственикот на „Eclipse“ се разбира. Се проценува дека вреди околу $1.2 милијарда, иако ја има купено во 2009-тата година за цена од $485 милиони. Има анити-ракетна заштитен систем и анти-папараци ласерски оклоп.
„Dubai“
Шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, управителот на Дубаи и Премиер на САЕ е многу горд сопственик на „Dubai“. Покрај сите интересни нешта тој исто така е сопственик и на гаража за подморница. Проценетата вредност е $350 милиони.
„Al Mirqab“
Сопственик на оваа убавица е Шеикот Хамад бин Јасим бин Џабер Ал-Тани, Премиер на Катар. Нејзината вредност е околу $250 милиони. „Al Mirqab“ сепак е само на осмото место по големина во листата на најголеми јахти.
„Lady Moura“
„Lady Moura“ има хидраулична платформа покриена со песок и може да се спушти до нешто над површината на водата. Сопственик е Насер ал-Рашид, саудиски бизнисмен и советник на саудиската кралска фамилија. Вредноста и е -$210 милиони.
„Al Salamah“
Една од најинтересните карактеристики на оваа јахта е внатрешниот базен со стаклен покрив. Сопственик е Принцот Султан бин Абдул Азиз, Министер за одбрана на Саудиска Арабија. Вредноста на оваа јахта е околу $200 милиони.